Wednesday, May 18, 2011

Информатика е наука која го проучува прибирањето, чувањето и обработката на податоците и информациите со помош на кмпјутерите. Информатиката е млада наука, брзо се развива и има големо влијание врз развојот и откритијата на сите останати науки. Зборот „информатика“ настанал со спој на зборовите „информација“ и „автоматика“ на следниот начин:
ИНФОРмација + автоМАТИКА = ИНФОРМАТИКА.


Рачни уреди за пресметување

Првите уреди со кои луѓето се обиделе да си помогнат при пресметувањето биле рачните уреди за пресметување. Првата рачна сметалка била направена од Кинезите 3000 години пред нашата ера. Се користела за пресметувања со големи броеви и се викала Абакус. Со него се изведувале доста брзо собирање, одземање, множење и делење.


Meханички уреди за пресметување

Во XIX век биле измислени и конструирани првите механички уреди за пресметување. Овие уреди за пресметување биле направени со запчаници, осовини и тркала. Споредени со рачните уреди биле побрзи, поточни и можеле да извршуваат повеќе пресметки. Во механичките уреди човекот ги внесувал податоците со рачно вртење на механизми и биле придвижувани од рачно навивани механизми. Првиот механички уред за пресметување извршувал собирање на големи броеви. Се викал Паскалина.


Првиот електронски компјутер

Првиот електронски компјутер се викал ENIAC 1. Бил направен во 1946 година во Америка. Бил тежок 30 тона и бил голем колку едно фудбалско игралиште. Додека работел бил многу бучен. Глаен електронски дел при неговата конструкција биле електронските ламби. Тие биле доста големи, ги имало во огромен број имногу често прегорувале.



Пронаоѓање на транзисторот

Во 1947/48 година бил направен електронскиот уред под името транзистор. Транзисторот во компјутерите ги заменил дотогаш користените електронски ламби, ја намалил димензијата и ги зголемил можностите и брзината на работа.


Пронаоѓање на чипот

Во 1958/59 година направен е нов електронски уред под името интегрално коло или чип. Чиповите во компјутерите ги замениле транзисторите и уште повеке ги замениле димензиите, а ги зголемиле можностите на новите компјутери. Првиот чип бил со големина на мал прст кај возрасен човек и се состоел од неколку транзистори. Денешните чипови се помали од ноктот на палецот и можат да содржат стотици милиони транзистори.


Првиот мемориски и првиот процесорски чип

Во 1970 година бил направен првиот мемориски чип, а во 1971 година е направен првиот чип за обработка на податоци - микропроцесор.

Се дотогаш компјутерите биле големи и сложени уреди. Но овие откритија овозможиле да бидат направени првите компјутери за лична употребаили персонални компјутери. Овие компјутери биле со мали димензии, едноставни за користење и со ниска цена.


Персонални компјутери

Првиот персонален компјутер Apple I. Бил направен во Америка во 1976 година, од Стив Џобс и Стив Вознијак во гаражата на Стив Џобс. Имал дрвено куќиште. Бил направен за да се изложи на саем за електроника. На саемоѕ доживеал голем уцпех и предизвикал голем интерес.


Според моделот на Apple I, следната 1977 година направен е првиот персонален компјутер под името Apple II. Бил направен од фирмата Apple computers на  Стив Џобс и Стив Вознијак. Apple II не бил скап, бил едноставен за користење и заедно се него доаѓале програми на дискети и имал можност за прикажување на графиката на екран во неколку бои. Работел со наредби во вид на текст кои се внесувале преку тастатура и бил многу популарен.



Видови компјутери

а) Суперкомпјутерите се најскапи, најбрзи и најмоќни компјутери на светот. Можат да го дозволат само некои компании или владите на некои држави во светот. Такви компјутери се користат за извршување на сложени пресметки.
б) Големите компјутери се големи и моќни компјутери кои овозможуваат истовремена работа на голем број корисници кои се поврзани со нив преку терминали - монитор и тастатура. Се користат во големи банки, осигурителни компании и др.
в) Микрокомпјутери се компјутери кај кои уредот за обработка на податоците е микропроцесор. Микрокомпјутерите можат да бидат сервери или персонални компјутери. Сервери се компјутери кои им обезбедуваатна голем број персонални компјутери работа со заеднички податоци, уреди и др. Персонални компјутери се компјутери за лична употреба.